-->
-->
Само во еден случај е дозволено да го тетовирате вашето дете!
-->
Корисник на „Reddit“ со прекар Thrwydad е татко на близнаци, 12. месечните Адам и Арон. Тој и неговата сопруга се соочиле со голем проблем поради што тој побарал совет.
„Децата се родени предвреме и малиот Арон има големи здравствени проблеми. Поради нивниот идентичен изглед тешко е да се распознаат, и тоа е главната причина за речиси фаталната несреќа.
На секои четири часа тој мора да добие лекови. Ако не добие, следуваат тешки последици. Децата имаат по 12. месеци и потполно се идентични. Дури и не би ги препознавале доколку сопруга не го обележува Арон со маркер на кожата. Кога децата беа кај баба им, таа ги избањала и ознаката се избришала, па бабата случајно лековите на Арон му ги дала на Адам. Тогаш и двајцата завршија во болница.
Бидејќи тоа беше екстремна ситуација, не сакаме да ризикувме. Ги пробавме сите привремени решенија, но сега сакаме да го решиме тоа засекогаш. Добив совет да им ставам обетка или тетоважа“, - напишал таткото.
Тој верува дека тетовирањето е единствено решение, но и понатаму е во дилема дали да го направи тоа или не. Повеќето корисници веднаш му дале поддршка, а некои од нив веќе биле во таква ситуација и ги тетовирале.
Во повеќето земји тетовирањето на деца до 16 години е забрането. Експертите сепак мислат дека во ваквите ситуации тетовирањето на детето целосн ое оправдано.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица