Русија: Во Источна Гута се води масовна кампања со дезинформации
- Постојаниот претставник на Русија во Обединети нации, Василиј Небензаја ги обвини медиумите за масовна кампања со дезинформации за ситуацијата во Источна Гута, додавајќи оти не се наведува „непријатната вистина“ дека во тој регион има неколку илјади борци, меѓу кои и членови на терористички организации, како Ал Каеда.
Тој на седницата на Совет за безбедност на ОН за Сирија изјави дека од Источна Гута истрелани се неколку десетици ракети врз Дамаск и оти борците намерно се кријат во образовни и медицински институции.
Небензаја наведе дека локалниот медиумски центар во Гута и сириската цивилна заштита, познати како Бели шлемови, се главниот корен на добро платена кампања за дезинформации против сириските власти и нивниот сојузник - Русија.
Сириската Опсерваторија за човекови права соопшти дека над 400 цивили загинаа за пет дена воздушни и артилериски напади на сирискитѕе сили и нејзините сојузници во Источна Гута.
Сириските власти од неделата ја бомбардира Источна Гута, која е под опсада од 2013 година и е последно упориште во близина на главниот град на Сирија, Дамаск.
Според неименувани извори блиски до сирискиот претседател Башар ал Асад, воздушните напади се вовед за копнена офанзива.
Ново на Сител
-
Ѓорѓиевски и Шукова ветуваат решавање на сообраќајниот хаос во Скопје, кандидатите и денеска на терен
-
Премиерот најави дигитален идентитет за секој граѓанин и пристап до сите услуги електронски
-
79г. велешанец е првиот осуденик со електронска алка во Македонија
-
Екс директорот на затворот во Шутка, Филип Андов, негира вина
-
Досега 23 сомнителни случаи за кардиохируршки интервенции
-
Аларматни бројки: 40% од младите во Македонија пушат цигари - како да се сменат состојбите?
-
Сиљановска Давкова на самит на Европската политичка заедница во Данска
-
Иднината е во дигитализацијата – Целта е да станеме центар на дигитални иновации во регионот