Премиерот најави дигитален идентитет за секој граѓанин и пристап до сите услуги електронски
Секој граѓанин ќе има дигитален идентитет и пристап до сите услуги преку својот мобилен телефон. До крајот на мандатот се што нуди државата ќе биде достапно онлајн, вети премиерот Мицкоски на Дигиталниот самит на Западен Балкан, кој се одржува во Скопје. Целта е да станеме центар на дигитални трансформации во регионот, земја што привлекува инвеститори и задржува таленти.
Светот се менува и во иднина ќе опстанат само оние компании кои се дигитализирани, додаде Мицкоски.
-Дигитализацијата не е за машини, таа е за луѓето, таа е за мајката кое сака побрзо да го запише своето дете во градинка, за пензионерот кој сака лесно да ја добие својата пензија, за студентот кој сака пристап до знаење и книги онлајн, за секој граѓанин кој ја чуствува државата како пријател а не како противник. Технологијата треба да служи на човекот а не обратно. Тоа е нашата цел. Нашата визија е држава која ќе биде целосно дигитална, транспаретна и ефикасна, рече премиерот Христијан Мицкоски.
Земјите од Западен Балкан заостануваат во користењето услуги онлајн, во споредба со членките на Унијата. Ако сакаме да држиме чекор со нив, мора да се менуваме.
-Бројките покажуваат дека 31% од граѓаните од Западен Балкан користат електронско банкарство, 36% купуваат преку интернет, но само 20% ги користат владините услуги. Мора да се менуваме. Ќе потпишеме иницијатива за дигитален паручник на идентитет, каде на секој граѓанин преку мобилен ќе му бидат достапни сите услуги, изјави Амер Капетановиќ, генерален секретар на Советот за регионална соработка.
На самиот се очекува да се потише заедничка декларација, со која на земјите од регионот ќе им се дозволи бесплатен роаминг и во Европската Унија. Но за тоа ќе треба да исполнат одредени услови кои ги побара Европската Комисија.
Министетрот за дигитална трансформација веќе изјави дека нашата земја најголем дел од задачите ги сработи, а до крајот на годината во целост ќе ги исполни она што го бара Брисел.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар