Македонија
2. October 2025 - 16:33

Мицкоски и Филипче се обивнуваат за црна кампања

Кој води црна кампања, а кој нуди проекти и идеи? Кој зборува црна вистина, а кој пак, нема со што да се пофали? Мицкоски и Филипче, носителите на изборните кампањи на двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во меѓусебни обвинувања за тоа како се одвиува кампањата во прцвите три дена.

Мицкоски и синоќа од Кавадарци со порака до гласачите дека СДСМ нема изборна понуда, па наместо тоа користи црна кампања.

„Со празни и дрски говори и настапи, без идеи и најави за раст и развој, тие се натпреваруваат кој полошо да каже и да ја навреди државата и народот во Македонија“, реагираат и од Социјалистичката партија за опозициската кампања.

Филипче пак, од Куманово возвраќа дека опозицијата само опоменува за лошите владејачки политики.

Заострената реторика на политичарите беше забележителна уште пред официјалниот почеток на кампањата, но ветија дека во предизборието ќе практикуваат позитивен јавен говор и изборна понуда за привлекување на гласачите.