Ѓорѓиевски и Шукова ветуваат решавање на сообраќајниот хаос во Скопје, кандидатите и денеска на терен
Нови сообраќајни и инфрастурктурни проекти во Гази Баба најавува кандидатот за прв човек на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.
Изградба на клучката во Хиподром, трета лента на булеварот „Александар Македонски“ и нови мостови кои ќе ја поврзат општината со Бутел, Чаир и Аеродром, според Ѓорѓиевски ќе значат полесен проток на автомобили и решавање на сообраќаниот хаос.
-Клучката Хиподром ќе обезбеди директно поврзување со улицата „Пролетна офанзива“, која најмногу ја користат возачите што доаѓаат од Куманово и Велес и на тој начин ќе се елиминираат долгите колони при влезот во Скопје. Во исто време, преку булеварот „Александар Македонски“ ќе се овозможи брз и ефикасен проток на возилата кон Автокоманда, со што ќе се растовари целиот источен дел на градот. Со тоа не само што ќе се решава секојдневниот метеж, туку и ќе се модернизира градската инфраструктура и ќе се олесни пристапот до индустриските и станбените зони, рече Ѓорѓиевски.
Кандидатката на СДСМ пак денеска ги презентираше најважните 20 проекти од програмата. И Шукова најавува 10 сообраќајни проекти за решавање на метежот, нови мостови, нови еколошки автобуси и дигитализација на ЈСП
-Првата линија Ѓорче Петров – Ново Лисиче како дел од БРТ системот, ќе биде пуштена во употреба до 2027 година. Во исто време, почнуваме со подготовка на втората, север-југ оска. Ова е долгорочно, европско решение кое целосно ќе го промени начинот на движење низ градот“, изјави Шукова.
Општина Ценатр пак ќе добие нова градинка во близина на Клиничкиот центар и двосменско работење на градинките до 22 часот, ветува кандидатот на СДСМ, Горан Герасимовски.
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначаник на Ѓорче Петров најавува изградба на пензионерски дом со капацитет до 80 станари
Дел од програмата денеска презентираа и кандидатите за Чаир на ДУИ и ВРЕДИ. Османи ќе ја решава хигиената во општината со прогласување на воредна состојба уште првиот ден од мандатот. Меџити пак се фокусираше на изградба на ново училиште.
Политичките партии и денеска ги продолжуваат предизборните активности, ВМРО-ДПМНЕ со митинзи во Карбинци, Чешиново-Облешево, Зрновци и Виница, додека СДСМ програмата ќе ја промовира во Кисела Вода и Аеродром.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар