-->
-->
Русија осуди тинејџер на 12 години затвор поради испраќање пари на армијата на Киев
-->

– Русија денеска осуди тинејџер на 12 години затвор за наводно донирање пари на силите на Киев, јавија руските медиуми. Во јужниот град Ростов на Дон, судот осуди 19-годишник на 12 години затвор за „предавство“.
Безбедносната служба ФСБ соопшти дека тинејџерот праќал пари за да и помогне на армијата на Киев да купи беспилотни летала и храна за војниците.
Се наведува дека обвинетиот бил уапсен на аеродром додека се обидувал да ја напушти Русија.
„Регионалниот суд во Ростов го прогласи човекот за виновен и го осуди на казна во форма на 12 години во строга казнена колонија“, ја цитира РИА Новости изјавата на ФСБ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Неизвесна судбината на Лукоил во Европа
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Тема на денот со Јане Војаџиевски, новинар од Вашингтон
-

Тема на денот со Мирјана Пантиќ, универзитетска професорка од Њујорк
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Ремонт на градски воз
-

Даме Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ избран за нов претседател на советот на Град Скопје
-

Скопје се чисти, а од понеделник нови 55 приватни автобуси ќе возат низ градот
