Роденденски викенд во 3Д киното на Центарот за култура-Битола
Центарот за култура-Битола денеска одбележува три години од денот на формирањето и почнување со работа на нивното 3Д кино.
Директорот на Центарот за култура-Битола Борче Димитровски информира дека и годинава денот на основањето на 3Д киното го одбележуваат со роденденски викенд и проекција на најголемите светски филмски остварувања.
- Минатата година го регистриравме 100.000 гледач, а оваа година надмината е бројката од 50.000 гледачи. Во следниот период продолжуваме со прикажување на светските премиери благодарение на одличната соработка со дистрибутерите. Можам да ги најавам новото продолжение на „Војна на ѕвездите“, новото продолжение на „50 нијанси“, „Брзи и бесни“..., а од аспект на осовременување, очекуваме со Агенцијата за филм во текот на идната година да го осовремениме озвучувањето во кино салата и уште повеќе да го подигнеме нивото на квалитет на филмските проекции, посочи Димитровски.
Во рамки на одбележување на роденденот, Центарот за култура-Битола организира и денови на полски и шпански филм.
Ново на Сител
-
Со Предлог-законот за енергетика ќе се знае колку струја потрошиле граѓаните, и точната бројка на енергетски сиромашни
-
ССМ бара итно зголемување на платите во приватниот сектор
-
344 милиони денари ќе се слеат на државните универзитети, јавните научни установи и во МАНУ
-
Преглед на вестите од светот
-
Муцунски: Проширувањето да не се билатерализира
-
Инфраструктурни идеи за зелен транспорт
-
Најавени нови инвестиции во ТИРЗ Прилеп
-
Преглед на вестите од светот