-->
-->
Радичевиќ: Убаво што се вративме на победничките патеки
-->

Ракометарките на македонскиот шампион ЖРК Вардар со победата над Турнингер остварена вчера во последното коло од групата во Главната фаза го освоија првото место во групата 1 од Лигата на шампионите и во четвртфиналето ќе играат против четвртопласираната екипа од групата 2. ЖРК Вардар по двата пораза ја прекина серијата неуспеси и со победа од 36:26 над германскиот тим ги заврши натпреварите од оваа фаза.
По дуелот со Турингер црногорската интернационалка во дресот на ЖРК Вардар, Јованка Радичевиќ која беше најефикасна со 9 голови изјави:
- Убаво е што се вративме на победничките патеки, особено по срамниот пораз од Мец. Можеби тоа беше и добро за да останеме на земја и да работиме напорно. На овој натпревар од првата минута покажавме дека го респектираме Турингер. Без разлика кој ќе биде противникот во четвртфиналето, на крај работите зависат од нас. Моја голема желба ми е со Вардар конечно да ја освојам Лигата на шампионите.
ЖРК Вардар во четвртфиналето ќе игра против дански Митјиланд или европскиот првак Букурешт. Митјиланд има еден бод повеќе од Букурешт, екипа која попладнево го игра последниот натпревар од групата на гости кај Есбјерг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
-

Мицкоски без детали од разговорите за реконструкција на Владата
-

Александар Трајановски ќе биде нов потпретседател на СДСМ, Филипче обвинува и за економски колапс на државата
-

Нема економска оправданост за интервентно зголемување на минималната плата, вели Дурмиши
-

Државата повторно ќе издава граѓански обврзници
-

Скопје одбележува 81 година од ослободувањето
