Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
Телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп заврши, соопшти советникот на Путин, Јуриј Ушаков, пренесе ТАСС.
Ушаков го опиша разговорот како отворен и искрен. Ова е шестиот телефонски разговор меѓу двајцата лидери од стапувањето на Трамп на власт во јануари, а траел речиси еден час.
Според Ушаков, двајцата претседатели не разговарале за можноста за лична средба.
– Не беше зборувано за средба, но идејата за таква средба е присутна и, доколку е потребно, ќе се постигне конкретен договор, изјави тој.
За време на разговорот, Трамп му зборувал на Путин за „големиот и прекрасен предлог-закон“ што успешно се промовира во американскиот Конгрес, а Путин му посакал успех во тој правец. Путин, исто така, му честитал на Трамп за Денот на независноста на САД, истакнувајќи го рускиот придонес за американската независност, особено за време на Војната за независиност пред 250 години и Граѓанската војна пред 160 години.
Ушаков нагласи дека двете земји имаат подлабоки историски врски, вклучително и сојузништво за време на Првата и Втората светска војна.
Разговорот опфатил теми како Украина, Иран и Израел. Во врска со Украина, Путин му рекол на Трамп дека нема да отстапи од своите цели, но останува отворен за решавање на конфликтот преку преговори.
Трамп го покренал прашањето за брзо запирање на војната, додека Путин истакнал дека Русија е подготвена за преговори, но останува фокусирана на отстранување на „причините за конфликтот“. Тој се повикал на преговорите започнати во Истанбул, каде што се одржаа два круга разговори меѓу Русија и Украина. Москва бара Украина да отстапи четири делумно окупирани области, покрај анектираниот Крим, и да се откаже од амбициите за членство во НАТО. Киев, пак, смета дека овие услови се неприфатливи.
Ново на Сител
-
10 годишно дете гризнато од глушец во скопски Капиштец
-
Скопските градоначалници ќе бараат помош од колегите во другите градови за да го соберат ѓубрето
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ
-
Притвор се бара за шест лица, а за деветнаесет мерки на претпазливост за злоупотреби во прилепската болница
-
Сведоци на обвинителството се откажуваат од прогон на онкологот Васев
-
Преполните контејнери и расфрланиот смет се потенцијална “бомба” за заразни заболувања
-
Кој колку би освоил на парламентарни избори?
-
Касами ветува поддршка за ДУИ во Кичево, очекува гласови од интегративците во останатите општини