Свет
31. March 2016 - 14:44

Првите руски единици за деминирање пристигнаа во Палмира

Првите руските експерти за деминирање денеска пристигнаа во Сирија, со цел да работат на отсранување на поставените експлозиви на историските споменици во дрвениот град Палмира, соопшти руското Министерство за одбрана. 

За отстранување на скриените експлозивни направи, како што јави ТАСС, ќе биде користен повеќенаменскиот деминирачки комплекс на руската војска Уран-6.

Експлозивните направи ги поставија припадници на Исламската држава (ИД) при повлекувањето од Палмира пред офанзивата на сириските владин сили, поддржани од руски воени авиони.

Поради бројните архиелошки локалитети, Пламира се наоѓа на Листата на светско културно наследство на УНЕСКО.