Пронајдена уште една викиншка населба во Северна Америка
Досега откриена е само една викиншка населба во Северна Амрика, на далечниот северен брег на Канада. Доколку се утврди дека сателитските податоци на „вселенските археолози“ се точни, наскоро сознанијата за раното европско откривање и колонизација на Новиот свет би можело целосно да се променат. Пи-Би-Ес наредната недела ќе емитува приказна за потенцијално новата викиншка населба многу подалеку на југот - на југозападниот раб на Њуфаундленд. Населбата ја пронајде Сара Парсак со помош на апаратите со инфрацрвено снимање.
Таа користела сателитски снимки за пребарување на неколку „жешки точки“ кои со детално проучување се сведени на еден локалитет - Појнт Роуз, оддалечен околу 500 километри јужно од првата викиншка населба, пронајдена во 1960 година.
Ископувањата на локалитетот отркија ѕид од викиншки тип, кој со радиојагленично тестирање датира од Викиншкото доба.
Освен тоа, пронајдени се примероци на железо кои треба допрва да се испитуваат, но за кои се верува дека се знаци на металургијата која домородното население во Северна Америка не ја поседувале.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсени поранешни и сегашни функционери – истрагата за Кочани се проширува
-
Пуштен системот за заедничка гранична контрола на ГП Долно Блаце – Елез Хан
-
Ќе има ли јагнешко за Велигден и по која цена?
-
Tема на денот со Михајло Лахтов, експерт за медиуми
-
Загрижувачки пораст на респираторните заболувања - околу 1000 случаи годишно со рак на белите дробови
-
Кој краде на Клиниката за онкологија – Два инциденти за 6 дена
-
Судењето за убиството на Вања продолжи со испрашување на таткото