Приведени Македонец и Албанец, затекнати при пустошење шума на Јабланица
Полициски службеници на Единицата за брзо распоредување денеска во подножјето на планинскиот врв Стрижак на планината Јабланица го лишиле од слобода албанскиот државјанин Ф.Н.(41), затекнат при нелегална сеча на шума, поради што се сомничи дека сторил кривично дело „пустошење на шума“, казниво по член 226 од Кривичниот законик.

При преглед на теренот, информираа од МВР, била пронајдена и локацијата каде што исечените дрва биле складирани и подготвени за транспорт, каде бил затекнат на И.Б.(50) од струшкото село Велешта, со патничко возило „ауди“, а на местото биле пронајдени околу 25 метри кубни дрва, багер, пили, секира и други предмети поврзани со кривичното дело.

- Двете лица се приведени и ќе бидат предадени во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот против нив ќе следи соодветна пријава, соопштија од МВР.
Ново на Сител
-

Нема економска оправданост за интервентно зголемување на минималната плата, вели Дурмиши
-

Државата повторно ќе издава граѓански обврзници
-

Скопје одбележува 81 година од ослободувањето
-

Како ќе ги вратиме младите и успешни кадри?
-

Скопје одбележува 81 година од ослободувањето
-

СДСМ: Да се прошири истрагата
-

Донатори од Србија донираа витражи за гробот на Тоше
-

Младите да се доближат до верата
