Претставата „Разговори во четири очи“ на МНТ гостува во Србија и во Русија
Претставата „Разговори во четири очи“ вечер ќе се изведе на новата сцена на Белградскиот драмски театар и на 2 март во Домот на културата на Студенскиот град во Белград.
На 27 февруари, „Разговори во четири очи“ гостува на V International Theatre Small-scale Production Festival-Laboratory CHELoVEK THEATRE во Чељабинск, Русија.
Претставата е во режија на Нина Николиќ, а е копродукција меѓу продуценската куќа „Скопје филм студио“ и Македонскиот народен театар. Таа е работена по истоименото дело на шведскиот режисер Ингмар Бергман.
Претставата „Разговори во четири очи“ е истражување на прашањето за способноста на поединеците да ја преземат контролата врз сопствените животи и да го признаат грешките кои се направени. Приказната за горката свесност потрошено време, пропуштени можности, свесно жртвување, она што некогаш бевме, она што може да биде и она што сме.
Во претставата, главниот лик Ана Бергман го толкува Амернис Нокшиќи – Јовановска. Останатите улоги ги толкуваат Нина Деан, Петар Арсовски, Дамјан Цветановски, Дарја Ризова, Катина Иванова и Благој Веселинов. Продуцент е Томи Салковски, костимограф Ивана Каранфиловска-Угуровска, а сценографијата е на Сања Аврамоска.
„Разговори во четири очи“ во текот на минатата година имаше гостувања на фестивали во Русија, Македонија и Косово.
Претставата е на редовен репертоар на Малата сцена на Македонскиот народен театар.
Ново на Сител
-
ЦУК: Вкупно 1 666 повици на 112 во последното деноноќие
-
Кратовчанец возел со 2,28 промили алкохол во крвта и се обидел да и побегне на полицијата
-
Фудбалски легенди на Македонија и Бугарија денеска на хуманитарен натпревар за Кочани
-
Верниците од денеска ќе можат да го посетат гробот на папата Франциск
-
Претседателката Сиљановска-Давкова присуствуваше на погребната миса за папата Франциск
-
Три лица загинаа во пад на мал авион во американската држава Тенеси
-
Трамп: Путин само ме тапка по рамото
-
Неколку лица загинаа, а повеќе се повредени кога возило влета во публиката на фестивал во Канада