Премиерот Зоран Заев во официјална посета на Израел

Премиерот Зоран Заев со владина и бизнис делегација престојуваат во официјална посета на Израел, на покана на израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху, соопшти владината служба за информирање.
Како што е најавено, премиерот Заев денеска ќе оствари средба со претседателот на Израел Реувен „Руви“ Ривлин. Програмата продолжува со положување венец на меморијалниот споменик на жртвите од холокаустот Јед Вашем, по што ќе следува работен ручек со членовите на израелскиот Совет за надворешни работи на кој ќе има излагање македонскиот премиер.
Во состав на владината делегација се и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и министрите за економија и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Крешник Бектеши и Љупчо Николовски. Со владината делегација се и повеќе бизнисмени и претставници на компании од различни индустрии од Македонија.
Попладне делегацијата треба да го посети Инженерскиот акцелератор за иновативно претприемништво на Атобизраели Колеџот, како и неколку успешни старт-ап компании.
Првиот ден од официјалната посета на Израел ќе заврши со Македонско-израелски бизнис форум на тема „Интензивирање на бизнис и економската соработка меѓу Израел и Македонија“. На форумот излагања ќе имаат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Анѓушев, и министерот Бектеши. Форумот ќе заврши со одделни средби и запознавања на македонските и израелските бизнисмени.
Според најавата, утре премиерот Зоран Заев ќе има работен ручек со премиерот на Израел, Бенџамин Нетанјаху. Официјалната програма за овој ден предвидува и средба со лидерот на опозицијата Исак Херцог.
За време на посетата, одделни средби со своите колеги од Израел, ќе имаат и министрите за внатрешни работи, за економија и за земјоделство, шумарство и водостпанство.
Ново на Сител
-

Почна судењето за ,,Пулс"
-

За СДСМ судењето за Кочани е тест за зрелост, од ВМРО-ДПНЕ очекуваат правда
-

ВМРО-ДПМЕ ги повика судиите и јавните обвинители да си ги заработат платите, Филипче бара фокус на реформската агенда
-

Втора рунда интервјуа за нов претседател на Антикорупциска
-

Од следната недела ќе се плаќа 18% ДДВ за нарачките од странство до 22 евра
-

Села го напушти Ахмети – пратениците ќе делувале како независни
-

Поплави, одрони, вирови и отежнат сообраќај по обилните дождови во Македонија
-

Се излеа хемиска пена на булеварот во Автокоманда, Ѓорѓиевски соопшти дека го пронашле сторителот
