Пратениците седумнаесетти ден расправаат за Комисијата за избори и именувања
По дводневна пауза, Собранието на Република Македонија денеска ја продолжи конститутивната седница на која се дебатира за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Како и изминатите продолженија на конститутивната седница, така и денеска дебата продолжи со реплики и контрареплики. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека дебата е повеќе од потребна, иако, како што посочија, ги обвинуваат дека ја опструираат работата на Собранието.
Според Крсто Муковски од ВМРО-ДПМНЕ, лидерите на политичките партии треба да седнат на заедничка маса и да најдат компромис за суштинските прашања.
Тој упати апел за разум и за лидерска средба на која сите лидери ќе седнат на маса и ќе одлучат за доброто на Република Македонија и на граѓаните.
Пратениците од СДСМ пак, сметаат дека со расправата не се почитува собранискиот Деловник и дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дискутираат за теми кои не се поврзани со точката на дневниот ред. Тие бараат да се премине на гласање на следната точка од дневниот ред, односно избор на претседател на Собранието.
Согласно договореното, во Комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да членуваат шест претставници од ВМРО-ДПМНЕ и пет од СДСМ, а ДУИ и БЕСА да имаат по еден член.
Конститутивната собраниска седница почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.
Ново на Сител
-
Протест на Независниот синдикат на полицијата
-
Муцунски во Шведска
-
Алергиите и стомачен вирус ги полнат амбулантите во Клиниката „Козле“
-
Анализа: Како напредува процесот на дигитализација на УКИМ?
-
Прилеп конечно доби комплетно нова детска градинка, втора по големина во Македонија
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски на „Македонија 2025“: Се соочивме со големи предизвици, но македонската економија има потенцијал
-
Со симулација на сообраќајна несреќа во Прилеп се одбележа 12 мај, Ден на медицинските сестри