-->
-->
Пожар кај кавадаречкото село Бегниште
-->
Пожар избувнал денеска околу десет часот во атарот на кавадаречкото село Бегниште.
Раководителот за заштита на шуми при подружницата на „Македонски шуми" од Кавадарци Петко Ристовски информира дека шумски работници и мештани неколку часа се на терен и интервенираат, се со цел огнот да не ги оштети околните лозови насади.
- Пламените јазици зафатија површина со смрека и сува трева. Правиме напори огнот целосно да биде изгаснат, нагласува Ристовски.
Тој вели дека дополнително ќе се знае колкава површина е зафатена од пожарот и висината на материјалната штета.
Апелира на внимателност до кавадарчани, се со цел превентивно да се влијае против пожари во време на пеколни горештини.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Меџити до Таравари: И со ДУИ и во Влада не штима
-
Мицкоски: Ако сакаме во ЕУ мора да го урнеме корумпираниот систем
-
Освен на културните работници, платата им доцни и на стотици други вработени во државни институции
-
Извештај на ММФ
-
Преглед на вестите од светот
-
Акција на МВР: Околу 50 осомничени за злоупотреби во ПИОМ
-
Неопходни се реформи во правосудството
-
Меџити: И со ДУИ и во Влада не оди