Потресно сведоштво за драмата во тетовско: "Ја молевме да не се самоубива како да е наша ќерка"

Пред неколку деновив вистинска драма го потресе тетовско кога малолетничка проба да се самоубие пред очите на своите родители. Како што пишува Дневник, пожарникарот Мујо Љатифи кој заедно со своите колеги и полицијата веднаш пристигнал на местото на настанот, вели дека ја молел младата девојка да не скока, како да е негова родена ќерка.
- Немој да се доближуваш ќе се фрлам! Така викаше девојката која ја затекнавме на балконот од куќата. Морав да користам батерија бидејќи беше темно. Со едната рака во која имаше телефн се држеше за оградата, а со другата како да земаше залет, вели пожарникарот кој спаси живот за Дневник.
Шестнаесетгодишната девојка се заканувала дека ќе си го одзеде животот, а Мујо кој прв пат се нашол во ваква состојба, ја молел како да е негово дете - "немој ќерко не прави го тоа, ако имаш проблеми во љубовта ќе се решат, подај ми ја раката".
И полицаецот Шпен Азизи кој бил на местото на настанот, вели дека со пожарникарот полека и се приближувале на младата девојка, чекор по чекор, знаејќи дека се што прават е ризик, но биле упорни да ја добијат нејзината доверба и да спречат да се случи трагедија и да згасне млад живот. Таа им го дала телефонот да разговараат со лицето поради кое сакала да се самоубие, и и двајцата конечно ја завршиле драмата. Кога се симнала долу, девојката не сакала да разговара.
Девојчето било веднаш пренесено во болница.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче обвинува за предизборни притисоци
-

Лабудовиќ најавува нов плоштад Феникс во склоп на новата општинска зграда
-

Во Охрид премиера на претставата Парите се отепувачка
-

Преглед на вестите од светот
-

Предлог буџетот е остварлив, само ако парите се насочат кон вистински капитални проекти
-

Тема на денот со Александар Јовановски, кандидат за градоначалник на Кичево (ВМРО ДПМНЕ)
-

Арсовска не сака да назначи нов директор на Комунална хигиена, претпријатието пред колапс
