-->
-->
Потоп во Нови Пазар: Водата носи се пред себе, се чека војската на помош!
-->
Градоначалникот на Нови Пазар Мехо Махмутовиќ изјавил дека ситуацијата во овој град е алармантна и дека во еден дел од градот се евакуирани 100 жители поради поплавите, додека некои делови од градот немаат струја.

Во изјава за Танјуг тој рекол дека очекува помош од војската на Србија и другите институции.
Според неговите зборови Нови Пазар има проблеми со поплавите, што сега и се потврдило.

"Состојбата е многу тешка, сите се на терен, од утрово сите јавни претпријатија со нивната механизација како и приватните се на терен. Очекуваме помош од војската на Србија со работна сила и механизација. Голем дел од градот е без струја", Махмутовиќ додал и дека се рушат дивите мостови кои се поставени по должината на реката а прават големи проблеми.

- Повеќе од стотина луѓе се евакуирани и се наоѓаат во собраниската сала, а доколку е потребно спремни сме да отвориме и други згради и сали за сместување.
Инаку во Нови Пазар Јошаница однела два моста, еден во близина на фабриката Украс а вториот кој моментално се градел кај пазарот, а го финансирала владата на Србија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Полицајци им помагале на затвореници да бараат дрога, се правдале дека барале часовник земен од затворското куче
-
Судскиот совет го „чешла“ предметот за пресудата на смртно прегазената 22-годишна Теодора Ристовска
-
Судење за модуларната болница - изградбата по спецификација, роднините примиле обештетување од болницата
-
Работниците немаат проблем со Владата, туку со другите синдикати, рече Трендафилов од ССМ
-
До 1500 евра казна за институциите кои нема да го почитуваат мак. јазик - инспекторатот ќе ги „чешла“ и сите документи
-
Преглед на вестите од светот
-
Премиерот ги повика синдикатите на средба
-
Преглед на вестите од светот