Поставени камери за автоматско препознавање на регистарски таблички на паркиралиштето „Трготекстил“
Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје (ЈП ПОЦ), денеска го пушти во употреба новиот систем за автоматско препознавање на регистарски таблички на затвореното паркиралиште „Трготекстил“.
– Овој мрежен систем вклучува АНПР камери (камери за автоматско препознавање на регистарски таблички) кои ќе овозможат точна идентификација на возилата и ефикасна контрола и управување со пристапот од сите влезови на паркиралиштето, се вели во соопштението на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.
Оттаму информираат дека паради секојдневните злоупотреби на досегашниот систем и бројните жалби и поплаки од граѓаните, ова јавно претпријатие ќе го воведе овој систем на сите три затворени паркиралишта со цел да се постави ред и контрола.
– ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ќе ги раскине корисничките договори за повластени паркинг карти на сите корисници кои ќе вршат злоупотреби. Ваков систем веќе е поставен на паркиралиштето „Аутомакедонија“, а во наредниот период ќе се воведе и на паркиралиштето „Дом на градежници“, велат од ЈП ПОЦ.
Со воведувањето на системот за автоматско препознавање на регистарски таблички, јавното претпријатие има намера да стави крај на неправилностите кои се случуваа години наназад на трите затворени паркиралишта „Дом на градежници“, „Трготекстил“ и „Аутомакедонија“ и ќе направи ред во паркирањето давајќи приоритет на жителите кои живеат во опфатот на овие паркиралишта.
Ново на Сител
-
59 годишник допирал по тело малолетник во парк во Чаир
-
Зајакнување на оперативната соработка и заедничко профилирање на ризици со Царината на Турција
-
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре во официјална посета на земјава
-
Кисела Вода со целодневна програма го одбележува својот патронат-Ѓурѓовден
-
„Мет-гала“: Ријана третпат бремена
-
Герасимовски: Доделуваме 10 илјади денари за возачки испит на младите, безбедноста во сообраќајот е најважна
-
Мерц за шест гласа не успеа да биде избран за канцелар во првиот круг гласање
-
Арсенал заинтересиран за трансфер на Родриго