Македонија
6. May 2025 - 11:14

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре во официјална посета на земјава

Претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ утре ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. 

Предвидено е Милановиќ да има средба со својата домаќинка - претседателката Гордана Сиљановска Давкова, како и со други македонски официјални претставници.

Поради посетата на хрватскиот претседател Милановиќ, во Скопје утре ќе има посебен режим на сообраќај во поширокото централно подрачје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.