Македонија
6. May 2025 - 12:22

Се планира довршување на заградите во капмпусот на УКИМ

Работна група ќе ја проверува состојбата на зградите на ФИНКИ и факултетот за физичка култура кои со години стојат недоградени и пропаѓаат. Освен физички увид, групата ќе ја прегледува и документацијата и ќе го дефинира начинот на кој ќе продолжи изградбата. За таа цел денеска беше потпишан меморандум за соработка меѓу Министерството за образование, УКИМ, Градежниот факултет и службата за општи и заеднички работи.

Процесот треба да заврши до крајот на годината, а потоа да се распише тендер за доградба. Изградбата почна во 2015 година, а запре во 2019. Оттогаш на зградите не се работи ништо, а при посилен ветер од карабините летаат даски и градежен материјал што може да биде опасно за минувачите и студентите кои секојдневно поминуваат покрај нив.