Македонија
5. May 2025 - 16:43

Четворица повредени од пожарот во Кочани кои беа на лекување во Турција цела вечер останале на аеродромот во Истанбул

Наместо да се вратат истиот ден во Македонија, четворица повредени од пожарот во Дискотеката во Кочани кои беа на лекување во Анкара со нивните придружници цела вечер останале на аеродромот во Истанбул. 

Од МНР го потврдуваат случајот и информираат дека имало технички проблеми, без да прецизираат за што точно се работело.

- Ве информираме дека поради технички причини, враќањето наместо со првично планираниот лет во петок навечер, се реализираше со првиот следен редовен лет во сабота наутро, велат од МНР.

За да се надмине оваа ситуација Премиерот Мицкоски лично разговарал со турскиот претседател Ергодан. Тој вели дека секојдневно се информирал за состојбата со повредените и најави дека ќе се сретне со нивните семејства и со родителите на настраданите во големата трагедија.

- Дечињата што се враќаа пред два-три дена од Анкара кои имаа непријатна ситуација на аеродромот во Истанбул. Лично разговарав со еден од родителите, со луѓето од најблиската околина и лично со претседателот Ердроган, се среди целата работа... така ќе биде и во периодот што следи. Оваа работа ќе трае со години, нема да биде работа што завршува, изјави Христијан Мицкоски, Премиер.

Според информациите од здравство 18 повредени и понатаму остануваат на лекување во странски центри.