Зајакнување на оперативната соработка и заедничко профилирање на ризици со Царината на Турција

Зајакнување на царинската соработка помеѓу Македонија и Турција за што ќе се потпишат и меморандуми за соработка, воспоставување директни комуникациски канали помеѓу Секторите за контрола и истраги, размена на информации во реално време и креирање заеднички профили на ризик за специфични стоки.
Ова било договорено на вчерашната средба во Анкара со министерот за трговија на Турција Омер Болат и директорите на Директоратите за царина и царинска контрола и истраги, на која директорот на Царинска управа Бобан Николовски, како дел од делегацијата на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, имал свое обраќање.
-Оперативната соработка и ефективната меѓународна координација и размената на информации во реално време преку воспоставување директни комуникациски канали, како и креирање заеднички профили на ризик, е суштински во борбата со транснационалниот криминал, како и во спречување на обидите за царински измами. Ваквиот пристап овозможува навремено откривање и спречување на нелегалните активности и зајакнување на безбедноста на границите. Договоривме потпишување на меморандуми за соработка, каде ќе се дефинира институционалната рамка за заедничко делување. Ваквите чекори се многу значајни бидејќи истите испраќаат позитивен сигнал до странските инвеститори и деловната заедница, истакнал директорот Бобан Николовски.
Николовски истакнал дека е постигната и согласност за организирање на заеднички обуки фокусирани на ракување со разузнавачки информации, подобрување на аналитичките капацитети, како и размена на најдобри практики и искуства во областа на видео надзорните системи и ИКТ решенијата.
Дополнително, договорено било и одржување редовни експертски состаноци, со цел унапредување на капацитетите за откривање на царински измами и ефективно спречување на корупција.
Ново на Сител
-

Багеи: Ормуската Теснина никогаш нема да се врати на состојбата пред војната
-

Инфантино не е вистинскиот човек да ја предводи ФИФА, порача британскиот премиер
-

Во изминатото деноноќие 30 пожари, сите се изгаснати, само еден е под контрола
-

Четврти ден продолжува гаснењето на големиот пожар во Грција
-

Илинденски свечености во Австралиско-сиднејската епархија
-

Илјадници луѓе добија наредба за евакуација од американскиот град Спокен на кој му се закануваат шумски пожари
-

Трамп најави нови разговори со Иран за денеска
-

Земјотрес во Скопје со јачина од 2,5 степени по Рихтер
