Поскапуваат горивата
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари за литар, цената на дизелот се зголемува за еден денар, а на екстра лесното масло за два денара за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,0 отсто во споредба со претходната одлука.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе изнесува 77,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 79,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 73, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 72 денара за литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС останува 41,687 денари за килограм.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 6,182 отсто, кај дизелот за 2,172, кај екстра лесното масло за 6,442 и кај мазутот за 2,609 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,1578 отсто.
Ново на Сител
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати