Поскапуваат горивата

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари за литар, цената на дизелот се зголемува за еден денар, а на екстра лесното масло за два денара за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,0 отсто во споредба со претходната одлука.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе изнесува 77,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 79,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 73, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 72 денара за литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС останува 41,687 денари за килограм.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 6,182 отсто, кај дизелот за 2,172, кај екстра лесното масло за 6,442 и кај мазутот за 2,609 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,1578 отсто.
Ново на Сител
-

Александар Јовановски нов директор на „Комунална хигиена“ – Скопје
-

Лажно се претставил како полицаец, па на едно лице му одзел пари, платежна картичка и документи за возило
-

САД и Кина заедно ќе работат за завршување на војната во Украина
-

Крадец влегол во дом на Бит Пазар, одзел накит, па откако сопственичката го затекнала, ја бутнал и побегнал
-

Возач со „ауди“ удрил во 76-годишна жена и тешко ја повредил
-

На ГП Долно Блаце уапсен 28-годишен косовец кој возел „бмв“ барано од Интерпол
-

Пукање со огнено оружје ноќеска во Струга, полицијата презема мерки за расчистување на настанот
-

Села негира дека комуница со Меџити и оти ќе биде дел од Владата
