-->
-->
Полска прогласи опасност од терористичка закана за Деновите на католичка младина
-->

Полскиот премиер Беата Шидло го потпиша указот за прогласување прв степен на подготвеност за реакција при евентуална терористичка закана. Одлуката е донесена поради претстојните Денови на светската католичка младина, на кои Полска е домаќин од 26 до 31 јули, јави ТАСС.
Првиот или „Алфа“ е најнискиот степен во четиристепениот систем во Полска.
Според указот на Шидло, важноста на одлуката завршува на 1 август.
За деновите на Светската католичка младина во Полска ќе допатува и папата Франциско.
Согласно указот на Шидло, вториот или „Браво“ степен се воведува само во сферата на кибер безбедноста. Останатите два степена се „Чарли“ и „Делта“. „Делта“ степенот е највисок и се прогласува во случај на терористички акт или докази дека има голема веројатност за извршување терористички акт во Полска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Водостоите на реките намалени, состојбата се стабилизира
-

Повторените избори во Врапчиште и Гостивар ќе го претумбаат албанскиот блок
-

Седница на Влада по повод Ден на албанската азбука - јазикот обединува, не разделува
-

Стојков: Признанието од МАНУ е за Македонците во Бугарија
-

Трамп: Крајот на руско-украинската војна е близу
-

Македонија ќе има индиректен бенефит од крајот на војната во Украина
-

Бебиња со респираторни инфекции ја полнат Детската клиника
-

Депонијата Буково канцерогена бомба
