Поетот Севдаил Демири и писателот Ресул Шабани добитници на државната награда „22 Ноември“ за 2025 година

Истражувачот, публицист и поет проф. д-р Севдаил Демири и писателот Ресул Шабани се овогодинешните добитници на државната награда „22 Ноември“ за 2025 година.
На добитниците, наградата им беше доделена денеска во Кристалната сала на Собранието.
Севдаил Демири, изрази длабока благодарност што е овогодинешен добитник, на како што рече, оваа исклучително висока државна награда, која доаѓа како крунисување на речиси три децении непрекината работа во јавната сфера.
-Уште поголема е мојата чест бидејќи ова признание претставува силен симбол на албанскиот идентитет, изјави Демири.
Ресул Шабани, изрази благодарност до претседателот на Собранието, присутните министри и пратеници, пријатели и љубители на образованието и културата и членовите на Советот за доделување на наградата 22 Ноември, порачувајќи дека „просветителните умови“на 22 ноември во градот на конзулите, во Битола го подигнале „темелот на нашиот јазичен идентитет, на албанската азбука“.
Ова признание се доделува на личности од политичкиот, културниот и општествениот живот, кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во државава.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, политички аналитичар
-

Водостоите на реките намалени, состојбата се стабилизира
-

Повторените избори во Врапчиште и Гостивар ќе го претумбаат албанскиот блок
-

Седница на Влада по повод Ден на албанската азбука - јазикот обединува, не разделува
-

Стојков: Признанието од МАНУ е за Македонците во Бугарија
-

Трамп: Крајот на руско-украинската војна е близу
-

Македонија ќе има индиректен бенефит од крајот на војната во Украина
-

Бебиња со респираторни инфекции ја полнат Детската клиника
