Почна големата акција „72 часа чисто Скопје“

Од пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ вечерва започна големата акција „72 часа чисто Скопје“. На платото пред спортскиот центар се наоѓаат десетици камиони, цистерни и механизација подготвени за чистење на Скопје.
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска по преземањето на градоначалничката функција најави дека вечерва од пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе започне големата акција „72 часа чисто Скопје“.
– Во наредните 72 часа ќе дадеме сè од себе да блесне градот Скопје онака како што практично им ветив на моите сограѓани. Дополнително ќе помогнат и колегите градоначалници од внатрешноста, ќе бидат вклучени цистерни за перење на улиците. После долго време ќе ги переме и улиците во главниот град, плоштадот ќе се пере вечерва, кејот сериозно ќе се чисти и ќе се пере, така што дел по дел ќе ги ревитализираме и јавните претпријатија, да ги доведеме во нормала, рече Ѓорѓиевски.
Вечерва пред „Борис Трајковски“ се и градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески, градоначалничката на Кисела Вода Бети Стаменковска Трајкоска и градоначалникот на Карпош Сотир Лукровски, кои дадоа поддршка на иницијативата за почисто и поуредено Скопје.
Поддршка на акцијата даде и премиерот Христијан Мицкоски. Тој на неговиот Фејсбук профил објави дека „вечерва има голема акција за чистење на сметот во Скопје“.
МИА
Ново на Сител
-

Неизвесна судбината на Лукоил во Европа
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Тема на денот со Јане Војаџиевски, новинар од Вашингтон
-

Тема на денот со Мирјана Пантиќ, универзитетска професорка од Њујорк
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Ремонт на градски воз
-

Даме Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ избран за нов претседател на советот на Град Скопје
-

Скопје се чисти, а од понеделник нови 55 приватни автобуси ќе возат низ градот
