По речиси 9 часа заврши рочиштето за „Таргет – Тврдина“, пресуда на 26 февруари
По речиси 9 часа заврши рочиштето за завршните зборови на одбраната во случајот „Таргет-Тврдина“, пресудата е закажана за 26 февруари.
Судењето по овој предметот започна на 22 декември 2017 година.
Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби, а 1.541 број и по завршување на траењето на важноста на судските наредби. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.
Обвинителството, во завршниот збор на минатото рочиште, посочи дека и покрај сите пречки со кои се соочувале во истрагата, успеале да докажат дека обвинетите ги извршиле делата за кои се товарат и побара максимални затворски казни.
Процесот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов.
Ново на Сител
-
Се повеќе млади страдаат од ментални заболувања, предупредуваат лекарите по општа и семејна медицина
-
Завршија мировните преговори помеѓу Русија и Украина
-
Лидерите од Европа на самит во Тирана - проширувањето е важно за Унијата
-
Меџити потврди влез на нови пратеници во мнозинството
-
Една ипол година затвор за поранешните директори на модуларната болница во Тетово
-
Сител во кочанската болница каде одат на рехабилитација дел од повредените – лузните ќе зараснат, болката во душата не
-
Герила акција пред обвинителството
-
Ново рочиште за двојното убиство на Вања и Панче, oд првиот момент планирале убиство