Завршија мировните преговори помеѓу Русија и Украина
Украинските и руските претставници се договорија да разменат по 1.000 воени заробеници по првите разговори лице в лице во последните три години. Договорено и преговорите да продолжат и да се разгледа можнсота за евенутлана тет- а-тет средба помегу Путин и Зеленски.
-Се согласивме да размениме 1.000 лица на 1.000 и работиме на други модалитети, а нашите колеги се во контакт и ќе ги размениме сите документи. Сега треба да размениме луѓе и наскоро ќе ве информираме која е следната фаза, изјави Рустем Умеров, шеф на украинскаат делегација.
-Се договоривме секоја од страните да ја презентира своето гледиште за можно идно примирје и да се изнесат детали. Откако ќе биде презентирано, веруваме дека ќе биде соодветно, да ги продолжиме преговорите, изјави Владимир Медински, главен преговарач на Русија.
Преговорите се водеа зад затвроени врати во палатата Долмабахче во Истанбул. Состанокот траеше оклу два часа а на него присустуваше и шефот на турската дипломатија Хакан Фидан.
Додека траеа преговорите во Истнабул, Злеенски во обраќањето на Самитот на Европската заедницата во Тирана рече дека потребен е потребен прекин на огнот пред да се постигне каков и да е договор со Моксва.
-Европската унија ќе го засили притисокот врз Русија и веќе работи на нови сакнциии, возврати шефицата на ЕК.
Американскиот претседател Доналд Трамп рече де а време е да се сретне со Путин на разговори за завршуавње на војната. Дека е потребна таква средба потврда стигна од Кремљ.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар