Преглед на вестите од светот
Кремљ потврди - Руска делегација утре ќе биде во Истанбул и ќе чека да се појават претставници на Украина за директни мировни преговори но сеуште не открива кој ќе ја претставува Москва.
- Можам уште еднаш да потврдам дека сè што рече претседателот во неговата изјава на 11 мај е сè уште релевантно. Руската делегација всушност ќе ја чека украинската делегација во Истанбул во четврток, на 15 мај. Тоа е утре“.Ќе го објавиме составот кога ќе ја добиеме наредбата од претседателот, вели Дмитри Песков, портпарол на Кремљ.
Според Вашингтотн пост, Русија ќе ја претставуваат министерот за надворешни работи Сергеј Лаворв и Јуриј Ушаков, советникот за надворшени прашања на претседателот. Украинскиот претседател Зеленски потврди дека утре ќе биде во Турција, дури и ако не дојде неговиот руски колега.
- „Мислам дека ако Путин не дојде и повторно игра игри, тоа ќе биде последна капка и негова демонстрација дека не се подготвени да ја завршат војната. Тоа ќе значи дека сите ветувања, трезвени и јасни ветувања дадени од САД, Европа и лидерите на другите земји мора да се исполнат.
Американскиот претседател Трамп изјави денес дека сеуште размислува дали ќе присуствува на разговорите за прекин на огнот во Украина, планирани за утре во Турција, но дека не знае дали во нив ќе учествува и Путин.
„Тој ( Путин ) би сакал да бидам таму, и тоа е можност. Не знам дали би бил таму ако јас не сум таму. Ќе дознаеме“,
Белата кука соопшти дека на утрешните преговори во Истанбул ќе присустуваат државиот секератрна сАД Марко Рубио и специјалните преставници Стив Витков и Кит Келог. Последните директни разговори помегу Киев и Москва се оддржаа во пролетта 2022 година, кратко по почетокот на војната , но заврија неуспешно.
Соединетите држави ке ги укинат долгогодишните санкции кон Сирија изјави американскиот претседателот Доналд Трамп по средбата со претседателот на Сирија Ахмед ал Шара.
- Во Сирија, која доживеа толку многу беда и смрт, има нова влада која се надеваме дека ќе успее да ја стабилизира земјата и да го зачува мирот. мојата администрација веќе ги направи првите чекори кон обновување на нормалните односи меѓу САД и Сирија. Ќе наредам прекин на санкциите против Сирија за да им дадам шанса за величина“.
Соединетите Држави воведоа строги санкции за Сирија за време на владеењето на Башар ал Асад и ги задржаа откако тој беше соборен од власт во декември по повеќе од 13 години војна. Средбата Трамп –Шара се одржа во Ријад, Саудиска Арабија . Шефот на Белата кука имаше средба и со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман на која потпишаа догоовр договор САД да и продадат на Саудиска Арабија оружје во вредност од 142 милијарди долари а Саудиска Арабија да инвестира 600 милијарди долари во американската економија.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар