Македонија
16. May 2025 - 16:45
Герила акција пред обвинителството
Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска го одбележа вториот месец од пожарот со 62 жртви во кочанската дискотека „Пулс“ со герила акција пред ЈО во Скопје.
Пред обвинителството поставија транспарент на кој се испишани имињата на жртвите од повеќе несреќи во Македонија, а во вид на човечка силуета оставен простор за поминување.
Од иницијативата најавија дека утре ќе одат во Кочани за поддршка на „Маршот на ангелите“.
-->
-->