Сител во кочанската болница каде одат на рехабилитација дел од повредените – лузните ќе зараснат, болката во душата не
-Внатрешната болка до крајот на мојот живот ќе трае, зашто лузната како лузна веќе не ме засега, изгубив од сестра детенце, тој е дел од моето срце...
Дарко вели никогаш нема да ја заборави ноќта на 16 март. По враќањето од лекувањето во Србија, сега секој ден оди во одделението за физикална терапија во кочанската болница за да ја врати функцијата на своите раце.
Изгорениците оставиле големи лузни за кои треба и време и трпение.
-На почетокот не можев и сам да си ја гледам раката, ми се гадеше..ама тоа е мора да се навикнам, ќе ги имаме тие лузни цел живот. Откажување никако ми требаат рацете за работа, вели Дарко Златев, повреден во трагедијата во Кочани.
-Какви вежби му правите? – Раздвижување на рачниот зглоб. Пациентите повеќето се дојдени со контрактури поради долговремена имобилизација и недвижење на рацете и мора да ги радзвижиме, вели Јагода Стојанова, физиотерапевт.
Дарко на терапија оди заедно со 28 годишниот Благој Манев кај кој физиотрапевтите ги прават истите вежби поради изгорениците на рацете.
-Од почетокот до сега гледам напредок. Секојдневно доаѓав, сега идам преку еден ден, ама подобрувањее има. Ќе се бориме до крај и ќе биде подобро, вели Благој Манев, повреден во трагедијата во Кочани.
Освен Дарко и Благој, речиси 40 пациети кои беа повредени во пожарот одат на рехабилитација во болницата. Дали меедицинските тимови можат да го издржат темпото на работа и секој да биде трењтиран како што треба?
-Бројката ќе се зголемува и затоа ќе имаме потреба од зголемен број на тимови кои ќе се грижат за пациентите бидејќи оваа грижа ќе тра долго. Формирањето на лузните може да потрае и до 24 месеци што значи ова е најкритичниот период за пациентите и им треба добра грижа, вели д-р Симона Јованова, специјалист физијатар.
Пациентите немаат поплаки за медицинскиот кадар, но дилемата и прашањата се зошто оваа болница да нема соодветни услови како што заслужува. Во импровизирани услови ги миеле и оние со посериозни рани.
-Наместо во специјална када, во овој мијалник ги измивале дел од повредените кои имаат потреба од рехабилитација во болницата.
-Да имаме подобри услови во болницата, ни требапосебна соба за изолација и комплетно опремена за оние кои се сомнителни и ли со докажани инфекции. Во такви услови како сегашните иамме помош од пластична хиругија, вели д-р Кате Мирчовска, хирург во ОБ Кочани.
Со децении никој не заковал ни шајка во болницата а има делови и каде прокапува од кровот.
-Оваа болница е пуштена во осумдесетите години и од тогаш не е реновирана. Што се однесува до опремата се обидуваме да напоравиме напор, но без кадар и без соодветни услови, сосотјбата е таа што сте ја виделе, вели д-р Кристина Серафимова, директор на ОБ Кочани.
И Дарко и Благој и многуте повредени ќе имаат проблем и летото кога ќе треба да се кријат дома.
-Ни рекоа во Србија докторите до 10 и после 18 да излегуваме. На сонце никако, аутан никако и допрва не чека нас, вели Дарко.
Повредените добиваат насоки како да прават вежби и во домашни услови.
На стотина метри пак од болницата изгорениот објект сведочи за трагедијата.
Поминаа два месеци од трагедијата во Пулс. Додека едни гледаат надеж во медицината, а другитењ се скршени од болка, сите заедно чекаат резултат од правдата.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар