-->
-->
Пирс Броснан разочаран со новиот филм за Џејмс Бонд
-->
Актерот Пирс Броснан не го криеше своето разочарување кога го гледаше најновиот дел на филмот за Џејмс Бонд „Спектра“.
Иако сите беа изненадени од неговата реакција, актерот кој го играше ликот на Џејмс Бонд од 1995 до 2002 година, отоврено го опиша своето разочарување кога тој го гледаше најновиот дел на франшизата.
Тој истакна дека филмот е слаб и оти премногу е долг.
- Многу се радував на продолжението на филмот. Но добивме слаба приказна и филм кој е предолг, рече Броснан.
Иако подели негативни критики за филмот, актерот го пофали својот колега Данијел Крејг кој сега го игра тајниот агент 007.
- Тој навистина добро ја одработи работата. Има некој лежерен став и улогата навистина му одговара, рече тој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Анализа: Што ќе донесат последните посети на Мицкоски во Брисел?
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Не се знае дали студентите ќе имаат бесплатен превоз од први јануари, ЈСП не им ги продолжува билетите
-
Реформи веднаш за поголем економски раст
-
Директорката на Клиниката за деца “Козле” на состанокот кај Таравари ги негирала обвинувањата од 30 специјалисти
-
Преглед на вестите од светот
-
Скопјани се подготвуваат за викенд без вода
-
Артан Груби побарал укинување на притворот