Павлопулос: Македонија била, е и ќе остане грчка
Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос уште еднаш го повтори својот категоричен став дека Македонија е грчка.
- Македонија била, е, и ќе остане грчка, изјави Павлопулос во говор во Воден, каде беше прогласен за почесен граѓанин.
Тој повторно ја обвини нашата земја дека „со иредентистички барања нема да се приклучи кон Европската унија, затоа што тие ги кршат европските закони“.
- Инсистирањето на името, што значи иредентизам, го крши европското право, затоа нема интеграција на нашите соседи во Европската унија, затоа што тие не ги исполнуваат дури ни условите на институционалните закони на ЕУ. Ние јасно дадовме до знаење дека сакаме добрососедски односи и пријателство. Но, тоа оди преку почитување на историјата и институциите на самата Европа, рече Павлопулос.
Ново на Сител
-
Продолжен притворот за Васев
-
Пробацијата како замена за затворските казни
-
Божиновска: Нема да останеме без гас, откако ЕУ забрани увоз на руски енергенси
-
Сезоната на грип почна – досега вакцинирани над 8 000 граѓани од ризичните групи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судиите ретко одлучуваат за условен отпуст
-
Наместо да заврши, жетвата на ориз не е ниту на почеток
-
Неистражени средновековни тврдини