Патријархот Неофит до Радев: Ќе бараме позитивно решение со МПЦ
Бугарија и Бугарската православна црква се единствени во желбата за развој и продлабочување на односите меѓу Бугарија и Македонија, констатираа денеска бугарскиот претседател Румен Радев и бугарскиот патријарх Неофит.
Патријархот го уверил Радев во добрата волја на Бугарската патријаршија да се бараат патишта за успешно решавање на ова прашање.
За ова ќе се дискутира на состанок на Св. Синод на БПЦ, а темата за автокефалноста на МПЦ ќе биде разгледана и со останатите помесни православни цркви, информирал патријарх Неофит, пренесуваат медиумите во Бугарија.
Патријархот Неофит го запознал Радев со писмото на Македонската православна црква, кое беше испратено до Канцеларијата на Светиот синод на бугарската црква за евхаристичкото единство на БПЦ со МПЦ.
За време на средбата беше истакната важноста на потпишаниот билатерален Договор за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји, кој го зајакнува меѓусебната доверба, го поттикнува развојот на билатералните односи и претставува позитивен чекор во процесот на европска интеграција на Македонија
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Синдикатот на културата утре излегува на протест
-
За три дена скопската Брза помош интервенирала кај 45 граѓани кои колабирале на јавни места
-
АХВ уништи небезбедна храна, најчесто се продавала во Охрид и Струга