Парламентарните избори во Црна Гора најверојатно ќе се одржат во септември

Парламентарните избори во Црна Гора најверојатно ќе се одржат во првата недела од септември, објави подгоричкиот весник „Побједа“ повикувајќи се на неименувани извори од владејачката коалиција.
– Изборите ќе бидат одражани најдоцна во првата недела од септември, бидејќи новата влада ја очекува многу работа за државните финансии, чија стабилност е загрозена поради пандемијата со коронавирусот. Мора да се направат резови во јавната администрација, да се извршат важни интервенции во структурите на државните фирми, вклучително и докапитализација и „препакување“ на државните финансии најдоцна до крајот на октомври, а не е фер тоа да го прави Влада чиј мандат е на крај, истакна неименуван извор.
Владејачката коалиција во Црна Гора очекува во втората половина од јули да добие дозвола од Венецијанската комисија за изборниот закон, кој е во собраниска процедура.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, политички аналитичар
-

Водостоите на реките намалени, состојбата се стабилизира
-

Повторените избори во Врапчиште и Гостивар ќе го претумбаат албанскиот блок
-

Седница на Влада по повод Ден на албанската азбука - јазикот обединува, не разделува
-

Стојков: Признанието од МАНУ е за Македонците во Бугарија
-

Трамп: Крајот на руско-украинската војна е близу
-

Македонија ќе има индиректен бенефит од крајот на војната во Украина
-

Бебиња со респираторни инфекции ја полнат Детската клиника
