Отворена 14. Меѓународна ликовна колонија „Карпино“
Мултимедијалното здружение „Карпино“ денеска во кумановската населба Карпош ја отвори 14. Меѓународна ликовна колонија „Карпино“, на која учествуваат 16 уметници од Романија, Бугарија, Србија и од Македонија.
На изложбата уметниците ќе творат во класични техники, акрил и масло на платно. Колонијата ќе биде отворена и за јавноста, така што заинтересираните ќе може да ги посетат уметниците додека творат, соопштија организаторите.
Уметничкиот директор на колонијата Мирослав Величковски изјави дека покрај сликањето, предвидено е да се одржат драмски вечери. Ќе биде изведена преставата „Госпоѓа министерка“ на кумановски дијалект. Во колонијата се вклучува и Фото кино клуб „Козјак“ со изложба на фотографии. - Со текот на годините напрвивме успешна урбана колонија, додаде Величковски.
Колонијата ќе трае до 14 септември, а создадените дела ќе бидат изложени првин пред кумановската јавност, а потоа низ градовите во Македонија.
Ново на Сител
-
Освен на културните работници, платата им доцни и на стотици други вработени во државни институции
-
Извештај на ММФ
-
Преглед на вестите од светот
-
Акција на МВР: Околу 50 осомничени за злоупотреби во ПИОМ
-
Неопходни се реформи во правосудството
-
Меџити: И со ДУИ и во Влада не оди
-
Необичен хуман гест- донација од 200 литри магарешко млеко за опоравување на повредените во Кочани
-
Преглед на вестите од светот