Струмица ќе ѝ помогне на Кочани со кадар и искуство
Преку размена на искуства и ангажман на стручен кадар Општина Струмица ќе обезбеди институционална поддршка на Општина Кочани. За таа цел градоначалникот на Струмица и вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, потпишаа меморандум за соработка, кој во наредниот период треба да прерасне во официјален договор за меѓуопштинска соработка.
Како што беше најавено, соработката ќе опфати повеќе сектори, особено во делот на инспекциските служби и урбанизмот, области во кои Кочани има потреба од дополнителна експертиза и кадровска поддршка.
В.д. градоначалникот на Кочани очекува дека примерот на Струмица ќе го следат и други општини, но и владини институции кои ќе понудат помош со цел општината што побрзо да ја надмине состојбата во која се наоѓа.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар