Отворен ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
Отворен ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе се одржи денеска во кампусот на техничките факултети (МФС, ФЕИТ, ФИНКИ, ТМФ).
Сите факултети во состав на Универзитетот ќе имаат свои штандови и пред заинтересираните матуранти ќе ги презентираат своите наставни програми.
Предвидена е и богата музичка програма, со настапи на музичката група „Брејкдаун бенд“ со Пеце Суперхикс и диџеј Irie Scratch.
Исто така, предвиден е поголем простор (тревникот на кампусот) за презентација и активности на студентските организации од сите Факултети од УКИМ.
Матурантите, на едно место, ќе можат да се запознаат со Универзитет и да ги одберат вистинските студии за градење на својата успешна кариера.
Сите заинтересирани можат да пронајдат повеќе информации за настанот на Фејсбук страницата Ден на високото образование на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, или на постерите поставени на огласните табли низ средните училишта низ Македонија.
Настанот ќе биде отворен од 10 до 17 часот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, политички аналитичар
-

Водостоите на реките намалени, состојбата се стабилизира
-

Повторените избори во Врапчиште и Гостивар ќе го претумбаат албанскиот блок
-

Седница на Влада по повод Ден на албанската азбука - јазикот обединува, не разделува
-

Стојков: Признанието од МАНУ е за Македонците во Бугарија
-

Трамп: Крајот на руско-украинската војна е близу
-

Македонија ќе има индиректен бенефит од крајот на војната во Украина
-

Бебиња со респираторни инфекции ја полнат Детската клиника
