Осми ден беснее големиот шумски пожар меѓу селата Ораовец и Војница во Општина Чашка
Шумскиот пожар што изби на 26 август меѓу селата Ораовец и Војница во Општина Чашка, се уште тлее, а изгореа повеќе стотина хектари ниско стеблеста дабова шума.
Во гаснење на пожарот како и во изминатите денови со огнената стихија која беснее се борат пожарникари ТППЕ од Велес со четири противпожарни возила, а на помош им е противпожарно возило од Општина Чашка, заедно со вработени од ЈП „Македонски шуми“ Подружница Велес и вработени од ЈКП „Дервен“ и припадници од Армијата од велешкиот гарнизон како и од Дирекцијата за заштита и спасување.
Како што информира за МИА, Љупчо Лепидовски командир на ТППЕ Велес, во очекување се да пристигнат хеликоптери од Дирекцијата за заштита и спасување.
– Осми ден се бориме со огнената стихија која за жал проголта повеќе стотина хектари ниско стеблеста дабова шума во овој убав регион на Општина Чашка, очекуваме што поскоро да ја добиеме ветената помош со хеликоптери од Дирекцијата за заштита и спасување, а за час поскоро, овој голем пожар да биде изгаснат, информира Лепидовски.
Ново на Сител
-
Една ипол година затвор за поранешните директори на модуларната болница во Тетово
-
Сител во кочанската болница каде одат на рехабилитација дел од повредените – лузните ќе зараснат, болката во душата не
-
Герила акција пред обвинителството
-
Ново рочиште за двојното убиство на Вања и Панче, oд првиот момент планирале убиство
-
Мицкоски: Економијата напредува
-
Меџити: Преговараме со пратеници од Европскиот фронт
-
Австриската министерка за надворешни работи во посета на Македонија
-
Сајбербезбедноста клучна за енергетиката