Се повеќе млади страдаат од ментални заболувања, предупредуваат лекарите по општа и семејна медицина
Секој трет млад човек има симптоми на анксиозност или депресија покажуваат повеќе светски истражувања. Слична е состојбата и во Македонија. Лекарите по општа и семејна медицина предупредуваат дека забележуваат психолошки нарушувања кај се поголем број млади, но одбивале да одат на психолог или психијатар.
-Кога ќе разговарате со некоја помлада индивидуа и ќе сакате од неа да добиете сознание, ѝ ги поставувате прашањата - како се чувствува, дали има расположение, дали не спие доволно и слично, пациенто, не сака да разговара на таа тема. Уште кога ќе кажете дека врз основ на скорингот, треба да проследи психијатар, реченицата што најчесто ја користат е „Па, јас не сум луд“. Тоа не е дека некој е луд, психијатар имаат и најпознатите ѕвезди - и политичари и глумци во светот имаат психијатри. Во одредени животни ситуации потребно ни е поддршка од психијатар и психолог, како би можеле полесно да ги пребродиме проблемите, изјави д-р Драган Ѓорѓиевски, претседател на Здружението на лекари по општа - семејна медицина (ЗЛОМ-СМ).
Загрижувачки се податоците и на Фондот за здравство. Лани биле реализирани над 1 милион и 400 илјади рецепти на диазепам кој меѓу другото се препишува и за анксиозност и е трет најкористен лек во државата.
Токму менталното здравје е во фокусот на годинешниот светски ден на семејните лекари кој здружението ЗЛОМ- СМ го одбележува со конгрес и симпозиум со меѓународно учество во Скопје.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар