Македонија
28. August 2025 - 16:35

Мицкоски: Опозицијата ќе биде поразена, од ДУИ велат, тој испраќа пораки за затоплување на односите

Премиерот Христијан Мицкоски прогнозира пораз на опозициските партии на претстојните локални избори.. Ги повика на реформи и конструктивност , во интерес на граѓаните.. Мицкоски вели, изборите за нив се изгубени, па на опозицијата и следи процес на прочистување во сопствените редови..

„Што и да прават, за многу скоро од денеска на 19 октомври ќе се соочат со изборен пораз кој ќе биде потврден на вториот круг. Така што, локалните избори, што и да прават, за нив се загубени и таму ќе претстои еден процес на реструктуирање, внатрешна катарза која што им ја препорачувам да се ослободат од некои стари времиња и да можат да бидат конструктивна опозиција, да можеме заедно да работиме во интересот на граѓаните и Македонија како држава“, изјави Христијан Мицкоски, Премиер. 

Откако Мицкоски ја отфрли можноста за смена на албанскиот партнер во владата, денеска кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Осамни, тврди дека премиерот се обидувал да ги затопли односите со ДУИ..

„Премиерот во јавност дава такви пораки сметајќи дека така ќе им помогне на коалиционите партнери, меѓутоа, не пушта такви пораки во приватните канали. Други пораки се праќаат до ДУИ за да се затоплат односите, меѓутоа, нашиот став сме го кажале. Да не размислуваме дека ДУИ ќе прави пазар со влегување во Влада. Излези еден, влези еден. Албанците нема да дозволат така некој да ги поттчини, дека немаат право на одлучување туку дека се аморфна маса во која премиерот решава како на пазар, како во дуќанче“, изјави Бујар Османи, Кандидат за градоначалник на Чаир. 

Реагираа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, велат, правилото „победник со победник“ е племенска математика за да се остане на власт.. Во парламентрана демократија, како што велат од партијата, владее волјата на граѓаните, која кажувала дека со криминалци, влада не може да има..

„На Бујар Османи, или не му кажале, или не сака дасе сети на времето кога преговарачкиот тим на ДУИ остави бел лист хартија пред ВМРО-ДПМНЕ подготвени да го исполнат секое барање само за да останат во Владата која беше поразена на избори. Тогаш, така храбро не звучеа и не се однесуваа превенците на ДУИ кои сега силно се удираат во гради“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.   

Од владејачката ВРЕДИ, изјавата на Бујар ја сметаат за негова редовна пракса.. Кандидатот за градоначалник, Изет Меџити, вели, пораките за кои и претходно говорел Османи, нивната содржина, никогаш не се потврдила во јавноста..

„Кога немаат визија, немаат програма, значи сака да се вади со некои скришни пораки, некои кодирани пораки. Не му е првпат. Имаше случаи порано кога се повикуваше на некои јавувања, на некои пораки, но, никогаш не ги објасни, не можеа ниту новинарите, ниту граѓаните да ги видат. Немаат визија, се повикуваат на Борел, на Лајчак, како божем знае Борел каде е Чаир и каде е Скопје“, изјави Изет Меџити, Кандидат за градоначалник на Чаир.  

Претходо, опозициската СДСМ ги отфри тврдењата на владејчакта партија дека заедно со ДУИ кројат план за дестабилизација.. Според партијата, во недостиг од капацитет и немање резултати, владата, својата неспособност, се обидувала да префрли на опозицијата..