Македонија
28. August 2025 - 16:35

Во земјата се потребни повеќе центри за менаџирање на дебелината

Двата центри за дебелина не се доволни да ги третираат пациентите кои се обезни и се под ризик од сериозни компликации по нивното здравје.  Ендокринолозите алармираат дека мора да има таков стручен третан и на детска клиника бидејќи според статистиката на ИЈЗ, 15 проценти од децата се со зголемена телесна тежина.

Во план е отворање на центри во Тетово, Прилеп и Струмица а од научното здружение за обезност велат дека треба да ги има и во регионалните болници. Со многу вишок на килограми и дополнителни здравствени проблеми се најголемиот број од пациентите кои се обратиле во Центарот на Ендокринологија. За една година направиле околу 2000 прегледи.  

-Податоците покажуваат дека поголемиот број се во класа 2 и класа 3 а тоа значи дебелина, односно обезност со БМИ над 40. Доаѓа во предвид баријатрична хирургија со фармакотерапија со цел да се намали телесната тежинаљ и да се спрелат коморбидитетите, односно, компликациите и досега сме кажале, ги има преку 200 компликации поврзани со обезноста, вели доц. Д-р Ирфан Ахмети, директор на Клиника за ендокринологија и претседател на научно здружение за обезност. 

Доктор Ахмети вели дека кај нив пациентите одат со упат од матичен, но не е целта да се појават само тие што се со голем боди маст индекс, туку и оние кои иако се само натхранети а имаат дијабет мора да бидат третирани за да не добијат компликации. 

Ендокринолозите велат дека има болести кои зависат единствено од регулирање на телесната тежина.  

-Проблеми со коленото, ортопедот го праќа кај нас, регулирај телесна тежина, намали килограми и потоа ќе те оперираме. Понатаму, поретко е апнеа при спиење, го упатуваат кај нас бидејќи дебелината е една од причините за ноќната апнеа, вели д-р Ахмети. 

Дебелината е ризик за појава на дијабет, срцеви и мозочни заболувања и ако соодветно не биде третирана, може да доведе со инвалидитет или смртност, апелираат ендокринолозите.