Османи: ОБСЕ суштински придонесе за демократското општество во Македонија

Мисијата на ОБСЕ имаше важна улога во надминувањето на бројните предизвици изминатиов период, особено во делот на изборните реформи, но и севкупно, во имплементацијата на принципот на владеење на правото, истакна вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.
Тој на денешната средба со амбасадорката на ОБСЕ, Нина Суомалаинен, по повод завршувањето на нејзиниот мандат и нејзиниот заминување додадее дека оддршката на ОБСЕ уште од самите почетоци на демократскиот развој на Македонија претставува нераскинлив дел од изградбата на демократското општество.
Османи изрази огромна благодарност личниот ангажман на Суомалаинен во Македонија.
- Мисијата на ОБСЕ имаше важна улога во надминувањето на бројните предизвици изминатиов период, особено во делот на изборните реформи, но и севкупно, во имплементацијата на принципот на владеење на правото, истакна Османи.
За време на разговорот соговорниците разменија податоци за поддршката и помошта која Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја обезбедува за Македонија во насока на исполнување на реформите и во останатите области како што се судството, медиумите, граѓанскиот сектори.
Во оваа насока тие изразија задоволство од досегашната соработка и заеднички изразија надеж дека поддршката и соработката меѓу ОБСЕ и Владата на Република Македонија ќе продолжи и во иднина.
Ново на Сител
-

Предлог-буџетот утре на амандмантска расправа
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Повторно одложено судењето за случајот со родилката Веапоска
-

Преглед на вестите од светот
-

Извештајот за напредокот на Македонија презентиран во Парламентот
-

Со торта во Брисел, Албанија го прослави отворањето на последниот кластер од преговорите со ЕУ
-

Во 34 години македонскиот Устав е сменет 8 пати, претседателот на Уставен повикува на негово почитување
-

Авто-школите ги поскапеа обуките за 35%
