-->
-->
Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје
-->
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на 17 март привремено одзело четири патнички моторни возила: „мерцедес“, „ауди“, „шевролет“ и „ форд мустанг“ поради учество во т.н. „диви“ трки на бул. „Трета македонска бригада“ во Скопје.
-По дополнително преземени мерки и извршени проверки во станица за технички преглед, две од овие возила се привремено одземени по член 344 став 3 од Законот за безбедност на патниот сообраќај во времетраење од 90 дена, односно затоа што создавале голема бучава, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Исто така, против двајца возачи на другите две патнички моторни возила се поднесени прекршочни платни налози за техничка исправност и вградени фолии.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска