Власта цврсто дека нема предвремени избори, СДСМ вели: Знаат дека губат гласови
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ цврсто застанува зад ставот дека ќе нема предвремемни парламентарни избори напролет и дека барањата на опозицијата се само гола желба за привилегиите што ги носи власта.
Од опозцијата пак, возвраќаат Мицкоски знае дека сега нема да може да освои толкав број на пратеници како на ланските избори затоа и ги одбегнува.
Филипче е уверен дека власта губи гласови повикувајќи се на екононски параметри до кои дошле во СДСМ.
Според него, Македонија има највисок јавен долг во регионот од 62,9 отсто од БДП, а историски најниска стапка на капитални инвестиции од само неколку стотини милиони евра. Вели алармантна е состојба на буџетот со дупка до крајот на година од 1,4 милјарди евра.
Од Владата пак, сосема поинакви бројки велат јавниот долг до крјаот на годината нема да го достигне планиранотот ниво од 62, 1 отсто, дека капиталните расходи растата споредбено со лани, а прокетираниот буџетски дефицит е за 54 милиони понизок од ланскиот буџет на СДСМ. „не очекуваме од Филипче да знае и да биде економист, но барем да се консултира со некој што се разбира во бројки“, реагираат од Владата.
Од ВМРО-ДПМНЕ и со порака до поранешните функционаери на СДСМ и ДУИ повеќе да се загрижени за реформите во судството што следуваат по локланите избори.
Последните денови од изборната кампања реториката меѓудвете најголеми партии се заостарува и најчесто се сведува на меѓусебни обвинувања за лоши политики и корупција.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар