Македонија
14. October 2025 - 19:24

Двајца малолетници од Скопје пријавени за исчезнати

Полицијата трага по две малолетни лица од Скопје кои се пријавени како исчезнати во текот на вчерашниот и денешниот ден.

Според информациите на Министерството за внатрешни работи, на 14 октомври 2025 година во 00:00 часот во Полициската станица Драчево, лицето С.А. (50) пријавило дека од нивниот дом се оддалечила неговата ќерка Ф.А. (16).

Исто така, на 13 октомври 2025 година околу 11:30 часот во Полициската станица Шуто Оризари, У.Ф. (54) пријавил дека од домот се оддалечил малолетникот Н.С. (13), кој со решение му бил доделен на згрижување.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на малолетниците и нивно безбедно враќање.