Од денеска олеснети анти-ковид мерките за влез во Косово
Од денеска за влез во Косово важат нови, олеснети анти-ковид мерки. Согласно владината одлука се укинува обврската за странските граѓани при влез во Косово да приложат доказ за примени три вакцини или две вакцини плус негативен РТ-ПЦР тест не постар од 48 часа.
Според одлуката на кабинетот на Албин Курти се враќа претходната обврска за приложување доказ за примени две анти-ковид вакцини, додека влезот во земјата е дозволен и за лицата кои имаат примено една вакцини, со тоа што треба да приложат и негативен РТ-ПЦР тест.
Со новите мерки, меѓу другото, се скратува полицискиот час, односно движењето на граѓаните е дозволено, наместо од 22 како досега, од 24 до пет часот наутро. Исто така, се продолжува и работното време на угостителските објекти, наместо до 21.30, до 23 часот и се укинува обврската за носење заштитни маски на отворено, јави дописникот на мИА од Приштина.
Одлуката да се ублажат мерките, според предлагачот, Комитетот за справување со пандемијата на Ковид-19, е донесена откако последните денови се намали процентот на заразени споредено со бројот на тестирани (од преку 25 пред десетина дена на околу 20 отсто деновиве), но и по наглото зголемување на бројот на лица кои ја совладале болеста. Така, на пример, последните три дена се регистрирани вкупно околу 6.400 новозаболени и речиси седум илјади излекувани. Бројката на активни случаи во Косово, според последните официјални податоци, изнесува 31.084.
Ново на Сител
-
Угинаа две лами во скопската Зоолошка - Кај првата е утврдено дека имала туберколоза
-
Тема на денот со Гордан Јорданов, од Обединета македонска дијаспора
-
Уапсен директорот на Геријатрија – земал поткуп од 20 000 евра
-
Обвинителството нема да го гони судијата за поправањето оценки
-
Мицкоски: Правдата за Теодора не е задоволена, Судски да ја преиспита работата на тетовскиот судија
-
Четворица од повредените во Кочани во подобрена состојба денеска се испишани од софиската болница “Пирогов”
-
Филипче повика на уставни измени, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека е апсурдно да зборува за ЕУ
-
Меџити: Таравари да одлучи или со нас во Влада, или е со ДУИ