Обвинителство: Се прибираат докази во истрагата за пожарот во „Пулс“, издадени наредби за вештачење на над 70 мобилни телефони и 30-тина компјутери
Дел од обвинителите кои постапуваат во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, како и Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска одржаа состанок со стручни лица од повеќе области со цел планирање и координација на следните активности за обезбедување докази, информираат од Обвинителство.
- Се издаваат барања за дополнителни проверки, анализи и наредби за вештачења на околности кои ги испитуваат и утврдуваат вештите лица. Дополнително, до овој момент за потребите на постапката се издадени наредби за анализа на податоци од преку 70 мобилни телефони и 30-тина десктоп и лаптоп компјутери, се вели во соопштението од ЈОРСМ.
Иако увидот на лице место формално е завршен, вештите лица кои вршат испитувања и анализи за потребите на постапката, по наредба на јавен обвинител, на лице место преземаат и дополнителни дејствија со цел темелна проверка и согледување на сите околности при пожарот. Со таа цел, се влеи во соопштението, објектот се уште е обезбеден и локацијата детално се прегледува.
Претходно денеска јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против десет полициски службеници за пожарот во Кочани.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Синдикатот на културата утре излегува на протест
-
За три дена скопската Брза помош интервенирала кај 45 граѓани кои колабирале на јавни места
-
АХВ уништи небезбедна храна, најчесто се продавала во Охрид и Струга